Достапни линкови

Бернс оствари средби со државниот врв во Косово и Србија


Заменикот на американскиот државен секретар Вилијам Бернс

Заменикот на американскиот државен секретар Вилијам Бернс

Заменикот на американскиот државен секретар Вилијам Бернс оствари средба со претседателот Атифета Јахјага и со премиерот Хашим Тачи во Приштина. Бернс изјави дека САД нема да поддржат ниту еден чекор кој ќе наштети на независноста на Косово.
Бернс се сретна и со со шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај, при што беше потпишан Договор за статусот на силите (СОФА), со кој се предвидува соработка на американската војска со косовските безбедносни сили.
Бернс вчера го посети и Белград, каде се сретна со претседателот Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ и министрите Драган Шутановац и Небојша Ќириќ при што изјави дека САД силно ја поддржуваат кандидатурата на Србија за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG