Достапни линкови

Германската опозиција ќе поддржи кандидат на власта


Претседателот Вулф по изјавата дека заминува од функцијата

Претседателот Вулф по изјавата дека заминува од функцијата

Главната опозициска партија во Германија најави дека ќе поддржат кандидат за претседател кој ќе го предложат двете владејачки партии,откако вчера Кристијан Вулф поднесе оставка од претседателаката функција. Социјалдемократите и Партијата на зелените изјавија дека ќе ја прифатат понудата на канцеларката Ангела Меркел да го поддржат кандидатот што ќе го предложат двете партии, но потенцираат дека таа личност не смее да биде некој од сегашниот состав на владата или активен партиски функционер.
Претседател Вулф вчера поднесе оставка, бидејќи канцеларијата на државниот обвинител во Хановер, го започна процесот за укинување на имунитетот на шефот на државата со цел да се испитаат сомневањата дека тој додека беше шеф на провинциската влада ја злоупотребувал својата функција.
XS
SM
MD
LG