Достапни линкови

logo-print

Во акција против милитантите во Чеченија, убиени седумнаесет полицајци


Руските власти соопштија дека бројот на полицајци убиени во четиридневната операција за елиминирање на милитантни групи во Чеченија и Даџестан се зголемил на седумнаесет. Чеченскиот министер за внатрешни работи Руслан Алханов изјави дека 24 полицајци биле повредени. Медиумите јавуваат дека борбите биле најкрвави во регионот во последниве неколку месеци.
Полицијата соопшти дека три бунтовнички групи биле блокирани од страна на безбедносните сили во делови од Чеченија и Даџестан, при што најмалку 20 бунтовници ги загубиле своите животи.
XS
SM
MD
LG