Достапни линкови

Додик демантира дека филмот на Џоли е забранет во Република Српска


Кабинетот на претседателот на Република Српска Милорад Додик ги демантираше тврдењата на Анџелина Џоли дека во Република Српска е забрането прикажувањето на нејзиниот филм “Во земјата на крв и мед”.
Во оваа земја се почитуваат сите слободи, вклучувајќи ги и уметничките, па според тоа нема никаква забрана или цензура, а сите филмски дистрибутери имаат право да одлучат кои филмови ќе ги прикажуваат, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Премиерата на филмот на Џоли требаше да се одржи на 16 февруари, но, истата беше одложена во сите кино сали во Република Српска.
XS
SM
MD
LG