Достапни линкови

Ирачките власти евакуираа ирански дисиденти


Членови на иранската опозиција во кампот Ашраф

Членови на иранската опозиција во кампот Ашраф

Во Ирак денеска беа евакуирани 400 ирански дисиденти од кампот Ашраф во транзит камп во близина на аеродромот во Багдад. Членовите на народната организација на Муџахедини во Иран, која бара уривање на власта на свештениците во Иран, ќе останат во транзитниот камп додека да се обезбеди нивно сместување надвор од Ирак. Приврзаниците на организацијата на Муџахедините која се бореше рамо до рамо со ирачките сили во Иранско-ирачката војна оттогаш двапати се судрија со ирачките безбедносни сили, во 2009 и 2011 година по што Багдадските односи со Иран се подобрија.
XS
SM
MD
LG