Достапни линкови

logo-print

Во Сирија се пука врз демонстранти, Кина преговара со Асад


Кинескиот заменик министер за надворешни работи Заи Јун по денешната средба со сиријскиот претседател Башар Ал Асад во Дамаск, ги повика сите страни во Сирија да ги прекинат насилствата. Тој додаде дека Кина е длабоко загрижена од ескалацијата на кризата во Сирија. Сиријскиот претседател Башар Ал Асад, пак, оцени дека 11 месечните насилства во земјата се обид за поделба на Сирија. Во меѓувреме во Дамаск десетици илјади демоснтранти се собрале на погребот на убиените три млади момчиња. Демонстрантите извикувале пароли против претседателот Асад, а според активисти, сиријските сили пукале врз демонстрантите, при што имало ранети.
XS
SM
MD
LG