Достапни линкови

Иванов со писмо до лидерите на членките на НАТО, бара прием на Македонија


Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, испратил писмо до лидерите на земјите членки на НАТО во кое бара подршка за прием на Македонија во Алијансата. Иванов наведува дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди во корист на Македонија во спорот со Грција околу блокадата за македонското членство во НАТО и оти нова блокада не би смеела да се случи. Претседателот Иванов повторува дека Македонија е и натаму останува силно посветена на изнаоѓање взаемно прифатливо решение за разликите околу името со Грција. ,,Очекуваме земјите членки на НАТО да ги преиспитаат нивните позиции во однос на приемот на Македонија, осносно, очекуваме на самитот во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт,, наведува претседателот Ѓорѓе Иванов во писмото до лидерите на земјите членки на НАТО.
XS
SM
MD
LG