Достапни линкови

Кина се активира во Сирија, преговара со претседателот Асад


Графити во Дамаск

Графити во Дамаск

Кинескиот заменик министер за надворешни работи Заи Јун денеска во Дамаск разговара со претседателот на Сирија Башар Ал Асад за смирување на конфликтот во таа земја. Јун изјави дека ќе се обиде да одигра позитивна улога во, како што рече, наоѓањето соодветно решение за сиријското прашање. Состанокот на Јун и Асад доаѓа откако вчера во Париз францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон ги повикаа анти-владините сили во Сирија да се обединат. Инаку сиријски активисти соопштија дека и вчера владините сили бомбардирале делови од градот Хомс, кој е центарот на отпорот против претседателот Асад.
XS
SM
MD
LG