Достапни линкови

Самит на лидерите на Чешка, Словачка, Србија и Хрватска


Во замокот Лани, во близина на Прага, денеска се одржува самит на претседателите на Чешка, Словачка, Србија и Хрватска. Како што е најавено, Вацлав Клаус, Иван Гашпарович, Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ, на оваа неформална средба ќе разговараат за европските перспективи на Западен Балкан. Чешка и Словачка важат за едни од најголемите заговорници за прием на земјите од Балканот во Европската Унија. Словачка е меѓу земјите на ЕУ кои не го признаваат Косово.
XS
SM
MD
LG