Достапни линкови

МНР го осуди палењето на македонското знаме во Приштина


Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент со палењето на македонското знаме на пријателски спортски натпревар во Приштина.
Инцидент од овој карактер, проследен со пароли со навредлива содржина, не одат во прилог на одличните добрососедски односи меѓу Република Македонија и Република Косово. Сметаме дека косовските власти треба да превземат најостри санкции кон сторителите на овој инцидент, како и соодветни мерки за избегнување на евентуални инциденти од ваков карактер, се наведува во соопштението.
Министерството за надворешни работи воедно, како што соопшти, превзема и соодветни дипломатски активности во насока на избегнување на ваков тип инциденти, кои не одат во прилог на градењето на добрососедски односи.Претходно Ракометната федерација на Косово изрази длабоко жалење за инцидентот.
XS
SM
MD
LG