Достапни линкови

Билд: Македонија би требало да ги почне преговорите со ЕУ по пресудата од Хаг


По пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, треба да се овозможи почеток на преговорите со Македонија, рече министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд во обраќањето пред шведскиот парламент посветено на надворешната политика на земјата во 2012 година.
Билд, осврнувајќи се на односите со земјите од Западен Балкан го поздрави пристапувањето на Хрватска во ЕУ како 28 членка на Унијата.
„Србија заслужува статус на земја кандидат, Црна Гора би требало да ги започне пристапните преговори во блиска иднина. Се надеваме дека новата Влада во Босна и Херцеговина може да ги преземе мерките потребни за аплицирање за членство во ЕУ, а по пресудата на Меѓународниот суд на правдата треба да биде можно отпочнување на преговорите со Македонија. На Албанија и на Косово потребна им е помош за да влезат на истиот пат“, изјави шефот на шведската дипломатија.
XS
SM
MD
LG