Достапни линкови

СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ


Кренар Лога - Претседател на демократскиот младински форум на Демокартската партија на Албанците.

Кренар Лога - Претседател на демократскиот младински форум на Демокартската партија на Албанците.

Слободата на медиумите во Македонија доживува дебакл, невиден до денес во целиот период од нејзината независност. Тоа што за 20 години не се ни јавуваше како проблем, во Македонија станува убиствен феномен, пишува за РСЕ Кренар Лога - Претседател на демократскиот младински форум на Демокартската партија на Албанците.

Изгледа на Македонија не и беше доста од многуте економски, политички, социјални и етнички проблеми, па на листата требаше да се додаде уште еден - проблемот со слободата на медиумите. Источните демократии честопати го претставуваат синдромот на диктатура како резултат на нивната државна неспособност и интелектуално формирање, и први на удар се медиумите, или поедноставно кажано ова е првата лесна настинка на грип која продолжува со бучно и иритирачко кашлање на едно нежно општество.

Слободата на медиумите во Македонија доживува дебакл, невиден до денес во целиот период од нејзината независност. Тоа што за 20 години не се ни јавуваше како проблем, во Македонија станува убиствен феномен. Стравот на новинарите, економската рестрикција спрема нив, како последица на сервилноста кон сопствениците на овие медиуми кои што во повеќето случаи се и олигарси на многу (не)чесни бизниси, доведоа до тоа да нивото на новинарското ниво во Македонија да биде сервилно, политизирано и непрофесионално.
Овие информативни сервиси служат како пропагандистички средства, на начин да се продолжи нивните бизниси да влечат огромни суми од една страна, а од друга страна на овие олигарси да им се овозможи перманентно да се наоѓаат под покривката на пратеникот, облечени со имунитет.
Фактот што двајца сопственици на медиуми се построени зад владејачката линија на ВМРО, како пратеници и коалициони партнери, објаснува повеќе од се друго на какво ниво е дегенерирано информирањето во нашата земја.


Фактот што двајца сопственици на медиуми се построени зад владејачката линија на ВМРО, како пратеници и коалициони партнери, објаснува повеќе од се друго на какво ниво е дегенерирано информирањето во нашата земја. Овој доброспремен режим на ВМРО и ДУИ, најдоброто објаснување го дава во последните предвремени локални избори во Сарај кога новинар беше избран за Градоначалник, и не случајно беше кандидат на ДУИ, односно г-дин Беким Мурати. Или уште еден флагрантен случај г-дин Мухамед Хоџа - новинар, портпарол на Влада. Распределбата на средствата за рекламирање на владата е идиотски и ,,легален поткуп“, на Владата пред очите на јавноста. Албанските медиуми добиваат смешни и навредувачки суми од надлежните институции.
Јавниот сервис МРТВ е трагикомедија, која што треба да добие еден законски удар. Јасно е дека ова институција ниту се крпи ниту се поправа, и во повеќето случаи се злоупотребува политички. Затоа јас сум на страната на тие што сакаат овој јавен сервис да згасне. Ова ситуација ќе доведе во потполна либерализација на медиумскиот простор и пропорционална распределба на финансиските средства од страна на Владата, врз основа на нивната гледаност и етнитетот на истите, како единствен соодветен пат за граѓаните и државата.
Дали може да се информира точно јавноста во Македонија, кога спроти неа има еден груб партиски режим, кои што се вистинските непријатели на слободата на зборот. Уште се свежи полициските упади во ТВ АЛБ и А1, кои што заедно со дневните весници Шпиц, Време и Коха е ре, станаа дел од историјата на медиумите поради единствената причина затоа што се претставуваа како објективни наспроти владеењето и опозициски спрема Владата.
Извештаите на ОБСЕ, Американскиот Стејт Департмент, ЕК, ЕУ и слични на нив, само укажуваат дека нивото на слободата на медиумите е катастрофално и срамно. Македонија е на 102 место (од 138 држави) според слободата на медиумите во светот, по Танзанија и Уганда. Ова рекордно негативно ниво и дадениот аларм од меѓународните пријатели, укажува дека влошената ситуација во Македонија оди во правец на непоправливост и најдоброто решение за сите нас е, на ова Влада да и се даде неповратен билет.

м-р. Кренар Лога
Претседател на Демократската Младина на Албанците (ДМА-ДПА)
XS
SM
MD
LG