Достапни линкови

logo-print

Груевски: се надевам на суштинска средба со Папдимос


Премиерот Никола Груевски ja поздрави одлуката на грчкиот премиер Лукас Пападимос да го прифати неговиот предлог за средба, иако, како што рече, по многу долго чекање. ,,Доколку ја прифатеше средбата пред повеќе од месец, кога и беше испратено писмото, потенцира Груевски, веројатно ќе имаше и поголеми изгледи нешто да се реши до крајот на неговиот мандат. ,,Сепак оставам да помине средбата па да ги дадам коментарите дали таа ќе има суштински или протоколарен карактер, изјави премиерот Груевски, по денешната промоција на новата медицинска опрема на Универзитетска клиника за радиологија во Скопје.
XS
SM
MD
LG