Достапни линкови

logo-print

Санаториум повторно на сцена


Архивска фотографија: Концерт на групата „Санаториум“.

Архивска фотографија: Концерт на групата „Санаториум“.

САНАТОРИУМ, најзначајниот македонски метал бенд на сите времиња, по настапот на штотуку завршениот Скрим мјузик фестивал, го најавува и излегувањето на својот нов албум, прв по пауза од цели 11 години.

Дилеми повеќе нема. САНАТОРИУМ, култниот скопски треш-метал бенд, конечно се врати на македонската музичка сцена. За Перо Стефановски – гитара и вокал, Горан Станковиќ – бас, Константин Качев – гитара и Горан Атанасов – тапани, перформансот на штотуку завршениот „Скрим мјузик фестивал“ беше само втора средба со нивните фанови по ланскиот концерт на Кале, но и убава можност за најава на засилената активност во престојниот период.
Ние сме бенд што не работи со спонзори и со такви слични работи, ние си работиме од љубов и од мерак, сега во моментот не брзаме, туку сакаме уште еднаш да го исфилуваме, да го преслушаме фино, здраво материјалот и можеби ќе легнат уште една, две нови песни на тоа и тој е веќе спремен да се влезе во студио.


Имено, момците кои сторијата за своето заедничко патешествие ја започнаа пред цели 24 години и кои покрај неколкуте објави своевремено имаа можност да ја делат сцената со навистина звучни имиња како МОТОРХЕД, СЛЕЕР, СОУЛФЛАЈ...и други, се решени на својата публика да и дарат дури две изданија – едно со концертните снимки документирани низ времето наназад и албум со песните што во меѓувреме ги создавале.

„Ние сме бенд што не работи со спонзори и со такви слични работи, ние си работиме од љубов и од мерак, сега во моментот не брзаме, туку сакаме уште еднаш да го исфилуваме, да го преслушаме фино, здраво материјалот и можеби ќе легнат уште една, две нови песни на тоа и тој е веќе спремен да се влезе во студио“, вели Константин Качев, која како веќе докажан уметник и овојпат ќе биде задолжен за ликовното обликување на изданието.

Говорејќи за музиката и текстовите на новите песни, оние што треба да ја надополнат колекцијата во
Самиот албум музички јас би рекол е уште потежок и поагресивен за разлика од претходните, ќе се почуствува голема разлика би рекол, многу е посозреан и продукциски и од една филозофска страна.
која што се сега „класичните химни“ како „Во себе умирам“, „Сенка“, „Град“, „Без разум“, „Епидемија“ и други, гитаристот со појаснување дека тие ќе ја следат линијата на револт кон негативните општествени тенденции и ќе се борат за свет со многу позитивна енергија.

„Самиот албум музички јас би рекол е уште потежок и поагресивен за разлика од претходните, ќе се почуствува голема разлика би рекол, многу е посозреан и продукциски и од една филозофска страна, а во однос на текстовите мислам дека се посозреани иако не можам да кажам дека текстовите што ги имавме порано се детски текстови. Секогаш настојувавме да го согледуваме оваа нашето секојдневие и тоа да го одразимд преку музика, преку текст на некој си наш начин.“

Во однос на идните концертни настапи од САНАТОРИУМ информираат дека заради природата на нивните матични професии тие нема да практикуваат долги и напорни турнеи, туку дека ќе се фокусираат на најавените изданија и дека во меѓувреме ќе ги продолжат преговорите со агенциите за што поголема нивна присутност на интернационалната музичка сцена.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG