Достапни линкови

Македонија e цврсто посветена на решавање на спорот со името


Македонија останува цврсто посветена за надминување на спорот со Грција и се надева на конструктивност и сериозен пристап од другата страна. Ова се наведува во соопштението од денешната координација на македонскиот државен врв во пресрет на претстојната посета на амбасадорот Метју Нимиц на Скопје. Во соопштението се изразува надеж дека неговата посета ќе придонесе за продолжување на разговорите за надминување на разликата околу името. ,,Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, која укажа на неоправданоста на грчката блокада на македонската покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година, на недвосмислен, објективен и непристрастен начин потврди дека Македонија своите позиции, во целиот изминат период ги заснова врз меѓународното право и почитувањето на добрососедските односи.,, се оценува во соопштението од состанокот на кој присуствуваа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, заменик премиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и специјалниот пратеник на претседателот во разговорите за името, амбасадорот Зоран Јолевски.
XS
SM
MD
LG