Достапни линкови

logo-print

Меркел: кандидат за нов претседател во договор со опозицијата


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази почитување за одлуката на Кристијан Вулф да поднесе оставка на местото претседател на Германија. Таа најави дека нејзината владејачка коалиција ќе настојува кандидат за нов претседател да се одреди што е можно побргу и во договор со водечките опозициони партии. Вулф денеска поднесе оставка, бидејќи државното обвинителство во Хановер најави покренување постапка за укинување на имунитетот на шефот на државата за да се отвори истрага поради сомневањето дека Вулф бил вклуечн во неколку корупциски скандали.
XS
SM
MD
LG