Достапни линкови

Опозицијата никако да се обедини


Лидерите на опозициските албански политички партии ДПА и НДП, Мендух Тачи и Руфи Османи.
Лидерите на опозициските албански политички партии ДПА и НДП, Мендух Тачи и Руфи Османи.

И покрај најавите за окрупнување на опозицијата, засега нема сериозни наводи за тоа. Македонија е далеку од тоа да има македонско-албански предизборни коалиции, но коалиции се прават и во пет до 12, велат експертите.

Постојат показатели дека опозицијата има тенденција кон окрупнување, но засега нема сериозни наводи дека доаѓа до здружување. Доаѓањето на Руфи Османи на разговори со Зоран Заев од СДСМ минатиот месец во Струмица, привлече внимание кај политиколозите за коментари колку во албанско- македонскиот блок на политички партии идејата за окрупнување ќе се оствари.
Мислам дека е рано да се каже дали може да се дојде до тој таканаречен опозиционен блок, нема некои битни информации кои се позициите на СДСМ, особено во однос на албанското прашање и кои се позициите на албанските партии од гледна точка на интегрирање.
Руфи Османи, НДП.

Иако во медиумите имаше информации дека се дискутирало како да се приближат ставовите на опозициските партии, како тие да настапат заеднички и како условно кажано да и контрираат на власта, според изјавите што доаѓаат од претставници од двете партии, тоа биле неформални разговори.

„Мислам дека е рано да се каже дали може да се дојде до тој таканаречен опозиционен блок, нема некои битни информации кои се позициите на СДСМ, особено во однос на албанското прашање и кои се позициите на албанските партии од гледна точка на интегрирање. Лично мислам дека
Лидерот на НДП, Руфи Османи на митинг во Чајле, 2011
Лидерот на НДП, Руфи Османи на митинг во Чајле, 2011
опозицијата и во наредниот период ќе делува паралелно, одвоено за цели кои се прагматични“, изјави Руфи Османи кој е гостин во неделното интервју на Слободна Европа.

Во СДСМ веќе подолго време изјавуваат дека се подготвени за една широка опозициска коалиција. Потпретседателот Гордан Георгиев
До сега предизборно не сме се сретнале со случај да македонски и албански политички партии одат заедно. Потребата од рушење на тие етнички бариери е голема и оттука мислам дека во наредниот временски период треба да дојде до деетнификација условно кажано на политичката сцена.
Тања Каракамишева, универзитетски професор.

коментираше дека има уште една година до локалните избори и се уште се разговара и се вагаат аргументите, а дека идејата за широка опозициска коалиција треба да биде спонтано здружување на опозиционите сили.

Засега Македонија е далеку од тоа да има македонско-албански предизборни коалиции. Секогаш мултиетничките влади се формираат по избори. Но ако имаме мултиетнички влади зошто тогаш програмите на некои од партиите се толку различни? Експертите сметаат дека во позадина стои политика. Пред избори секогаш се мисли како да се освојат повеќе гласови. Со коалицирање пред избори, некои проценуваат и дека може и да се изгубат гласови. Се се случува во кулораите, се тактизира, а коалиции се склучуваат и во пет до дванаесет.

Дали е корисно
Лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов,2011
Лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов,2011
партиите од македонскиот и од албанскиот политички блок предизборно да настапат заеднички? Сите ги знаеме причините зошто – да. Така се зголемуваат шансите за подобри резултати, но има и други аргументи.

„Досега предизборно не сме се сретнале со случај да македонски и
Вие немате согласност за сите прашања ниту во владината коалиција. Секако некои од прашањата од етнички карактер ќе треба пред време да ги решат, да формираат некоја заедничка платформа, а на избори одат како самостални единки.
Алберт Муслиу, аналитичар.
албански политички партии одат заедно. Потребата од рушење на тие етнички бариери е голема и оттука мислам дека во наредниот временски период треба да дојде до деетнификација, условно кажано на политичката сцена, без разлика дали се работи за македонски, албански, турски или други политички партии“, наведува професор Тања Каракамишева од Првниот факултет во Скопје.

Но како што е погрешно за партиите од коалицијата во власта да имаат заедничка агенда, не треба да се занемари дека и партиите од опозицијата треба да најдат консезус за некои стратешки прашања, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

„Вие немате согласност за сите прашања ниту во владината коалиција. Секако некои од прашањата од етнички карактер ќе треба пред време да ги решат, да формираат некоја заедничка платформа, а на избори одат како самостојни единки.“

Во поголемите партии кои во изминатите години се раситнија поради незадоволство, сега се случува враќање на помалите кон постојното политичко јато. Во последната недела имаше враќање на две партии од десницата во матичната партија. Како една од причините за окрупнување на големите партии се смета тоа што овој пропорционален модел не дава голем простор за малите партии. Исто така политичкиот центар не успева да заживее. Проценка на малите партии е дека единствен начин да ги зголемат своите шанси е да се вратат во матичните партии.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG