Достапни линкови

Пoчина познатиот дописник од Блискиот Исток Ентони Шадид


 Ентони Шадид

Ентони Шадид

Познатиот дописник на Њујорк Тајмс од Блискиот Исток Ентони Шадид починал во источна Сирија од напад на астма, предизвикана од прашина од коњите на неговите водичи. Тој известуваше за востанието против претседателот Башар ал Асад. 43 годишниот американец со либанско потекло известуваше 20 години од Блискиот Исток и освои две Пулицерови награди. Првата ја доби за известувањето од инвазијата врз Ирак а втората за последиците од војната.
XS
SM
MD
LG