Достапни линкови

logo-print

Почнуваат претседателските избори во Русија


Од денеска започнуваат претседателски избори во Русија, но само во оддалечените области на земјата. Централната изборна комисија на Русија соопшти дека се отворени 36 избирачки места на Далечниот Исток, Сибир, на планината Урал и во северните делови. Меѓу они кои денеска гласаат се истражувачките тимови на Арктикот. Иако гласачите преставуваат нешто повеќе од 1 процент од вкупниот број на гласачи, тие се „значајни“ гласови, велат од Изборната комисија. Луѓето кои работат на гласачките места на своето работно место ќе одат со хеликоптери, моторни санки па дури и со санки влечени од животни. Претседалските избори во Русија се одржуваат на 4 март.
XS
SM
MD
LG