Достапни линкови

Генералното собрание на ОН усвои необврзувачка резолуција за Сирија


Генералното собрание на ОН ја усвои необврзувачката резолуција со која се одобрува планот на Арапската лига со кој се повикува сирискиот претседател Башар ал-Асад да ја напушти функцијата. Од 193 членки на Генералното собрание, 137 гласаа „за“, 12 беа „против“, а 17 беа воздржани. Резолуцијата е слична со онаа на која Кина и Русија ставија вето на 4 февруари. Кина и Русија повторно гласаа против резолуцијата, која исто така повикува на прекина на насилството против цивилите во Сирија преку прифаќање на планот на Арапската лига.
XS
SM
MD
LG