Достапни линкови

Нови санкции на САД против Иран


Иранско време

Иранско време

Соединетите американски држави вчера најавија санкции против иранското Министерството за разузнавање и безбедност, затоа што американските власти сметаат дека Министерството го подржува тероризмот, ги злоупотребува човековите права на иранските граѓани и го подржува казнувањата на луѓете во Сирија од страна на сириската влада. Во соопштението на американските власти се наведува дека иранското министерство за разузнавање исто така обезбедува поддршка за Ал Каеда, за Ал-Каеда во Ирак, Хезболах и Хамас. Санкциите вклучуваат забрана на сите преставници на Министерството да патуваат во Иран, а американските граѓани и компании не смеат да соработуваат со Министерството. Овие санкции се најновите во серијата чекори што САД ги преземаат за да извршат притисок врз Иран.
XS
SM
MD
LG