Достапни линкови

Ослободени 200 затвореници од затвор во Нигерија


Архивска фотографија, Нигерија.

Архивска фотографија, Нигерија.

Вооружени луѓе упаднале во затвор во централна Нигерија, при што убиле еден чувар и ослободиле 200 затвореници. Затворските власти соопштија дека потоа фатиле 25 од ослободените затвореници. Иако властите не сакаа да шпекулираат за идентитетот на напаѓачите, човек кој се преставил дека е портпарол на исламистичката секта Боко Харам ја презеде одговорноста. Тој вели дека групата ја спровела ова акција за да спаси 7 свои членови.
Боко Харам оваа година презедоа одговорност за убиствата на стотици луѓе во бомбашки напади и престрелки во Нигерија.
XS
SM
MD
LG