Достапни линкови

logo-print

Македонската влада ја поздрави одлуката на Пападемос за средба со Груевски


Македонската влада ја поздрави одлуката на грчкиот премиер Лукас Пападемос, кој ја прифати поканата за тет а тет средба со премиерот Никола Груевски. Но не сакаат да коментират ништо се додека не помине средбата и не видат дали ќе има суштински разговори.
Пападемос по речиси три месеци вчера одговори на предлогот од Груевски и прифати средбата да се одржи на маргините на следниот состанок на Европскиот совет на почетокот на март.
XS
SM
MD
LG