Достапни линкови

Дневен печат - Шаренило од вести


Интерпелацијата на Јанкулоска, окрупнувањето на десницата, средбата Груевски - Меркел, субвенциите за лозарите - дел од темите за кои пишуваа весниците изминатата недела.

Од каде да се почне овој преглед на дневниот печат? Шаренило од вести и информации, што, богами, ретко се среќава. Но, изгледа таква беше неделата.

За интерпелацијата на првата полицајка Јанкулоска, дневниот Фокус оди со наслов: „Гордана - Гестапо“, информирајќи за паралелните протести на поголема група граѓани пред Собранието, додека внатре се расправаше за работењето на полицијата на чело со Јанкулоска.
Недоличното е однесувањето на пратениците за време на расправата за интерпелација на Јанкулоска. Политичките претставници се израз на просечниот граѓанин и токму таквите личности го наоѓаат своето место во политиката.

Утрински насловува: „Јанкулоска на тапет“ и го коментира недоличното, како што пишува, однесување на пратениците за време на расправата со заклучокот дека политичките претставници се израз на просечниот граѓанин и токму таквите личности го наоѓаат своето место во политиката.

„Виртуелно окрупнување на десницата“, забележува Утрински, откако и Филип Петровски се врати во домицилното јато. Весникот објавува и цитати на Петровски од неговите колумни кога фрлаше дрвја и камења врз Груевски и Дневник: „Студено добредојде за Додовски и за Петровски“.

Дневник: „Студено добредојде за Додовски и за Петровски“.

неговата, според него, невмровска политика, а Дневник забележува: „Студено добредојде за Додовски и за Петровски“, цитирајќи ги острите зборови против овие двајца на Антонио Милошоски објавени на Твитер.

Дневник во исто време ги коментира како фрапантни најновите податоци од анкетата на УСАИД за тоа дека половина од администрацијата се партиски војници.

Утрински пресметал дека Груевски го престигнал Црвенковски според стажот во владата, како министер и како премиер, а во исто време објавува дека видео-клипот „Бранко е крив“ на Јутјуб станал политички хит.

Дневник го објавува истиот прилог како и државниот „јавен“ сервис МТВ за тоа дека Црвенковски со 180 илјади евра годишно бил премногу платен за да го води СДСМ, забележувајќи дека, како поранешен претседател на државата, воопшто немал надворешнополитички активности.

А, Вечер насловува дека „Младинците на Црвенковски“, на фејсбук се сликале со пиштоли и ширеле насилство.

Нова Македонија ја пренесува пораката на Меркел по средбата со Груевски дека „Јас би преговарала“, и дека „ЕУ немаше да постои да не бевме навикнати на компромиси“.

Како да се ближат избори: Дневник информира дека исплатените субвенции на лозарите го стопил нивниот гнев и го цитира Ставрески кој најави набрзо исплаќање на субвенциите и на другите земјоделци.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG