Достапни линкови

Несогласувања околу здравствената состојба на Тимошенко


Приврзаниците на Јулија Тимошенко

Приврзаниците на Јулија Тимошенко

Украинските медицински лица кои беа дел од меѓународниот тим кој изврши преглед на поранешната премиерка Јулија Тимошенко соопштија дека нема да и биде потребна операција. Украинскиот заменик министер за здравство Раиса Моисијенко изјави дека се неосновани медиумските извештаи дека германските доктори пронашле хернија на рбетот на Тимошенко.
Поранешната премиерка во октомври минатата година беше осудена на 7 години затвор за злоупотреба на функцијата. Нејзините приврзаници од понеделникот протестираат пред затворот.
XS
SM
MD
LG