Достапни линкови

Најмалку осум деца загинаа при собраќајна несреќа на Западниот брег


Најмалку осум палестински деца загинале, а 30 се повредени при судир на школски автобус и камион на Западниот брег, северно од Ерусалим. Според извештаите, автобусот се превртел и запалил по судирот со камионот на стрмниот и лизгав пат. Израелската полиција соопшти дека жртвите биле на возраст од 10 до 16 години. Медицинскиот персонал во главната болница на Западниот брег, пак тврди дека имало и деца од предшколска возраст.
XS
SM
MD
LG