Достапни линкови

Како да се намали трговијата со дрога од Авганистан?


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, изјави дека светот не успеал да ја искорени трговијата со дрога во Авганистан, каде што производството на опиум, во минатата година се зголемило за 61 насто. На конференцијата во Виена, посветена на намалувањето на трговијата со дрога од Авганистан, Бан Ки Мун истакна дека приходите на Авганистан од извозот на опиати изнесува околу 2,4 милијарди долари, што е 15 насто од бруто домашниот производ на Авганистан. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека владата во Кабул и странските сили се најодговорни за спречување на трговијата со дрога.
XS
SM
MD
LG