Достапни линкови

Северна Кореја го слави роденденот на починатиот лидер


Во Северна Кореја денеска со низа свечености се прославува 70-тиот роденден на починатиот претседател Ким Џонг Ил. Неговиот син и наследник на претседателската функција, Ким Џонг Ун ги предводеше политичките и воените лидери во меморијалниот центар пред портретот на неговиот татко, а потоа следуваа воена парада и огномет во центарот на Пјонг Јанг. Претходно беше откриена нова бронзена статуа на Ким Џонг Ил качен на коњ, кој беше прогласен за генералисимус.
XS
SM
MD
LG