Достапни линкови

Лидерите на Авганистан, Пакистан и Иран на самит во Исламабад


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи пристигна денеска во Исламабад на дводневен самит со претседателите на Пакистан и на Иран. Разговорите со Али Зардари и со Махмуд Ахмадинеџат ќе бидат фокусирани на борбата против тероризмот, трговијата со дрога и луѓе. Карзаи со Зардари ќе разговара и за начините на кои може да помогне Пакистан во мировните преговори на авганистанските власти со талибанците.
XS
SM
MD
LG