Достапни линкови

Косовските Срби не ги прифатија институциите на власта


Србите во северно Косово не ги прифатија „институциите на таканаречената Република Косово“, како што гласаше референдумското прашање. Официјални лица на Косовските Срби соопштија дека 99 отсто од гласачите во дводневниот референдум гласале против признавање на владата во Приштина.
Лидерите од Европската унија, Западот, па дури и Србија ги повикаa Србите на Косово да не одат на симболичен референдум. Српскиот претседател Борис Тадиќ рече дека гласањето "нема да придонесе за дијалог" меѓу Белград и Приштина.
Во меѓувреме,Србија бара членство во ЕУ, а Брисел сака Белград да ги нормализира односите со Приштина.
XS
SM
MD
LG