Достапни линкови

Вилјам Бернс на турнеја низ Западен Балкан


Заменик американскиот државен секретар Вилјам Бернс од денес е во посета на земјите од Западен Балкан, каде ќе ја повтори поддршката на Соединетите Држави за евроатлантските стремежи на државите во регионот, соопшти Стејт департментот. Како што се наведува во соопштението, Бернс за време на петдневната турнеја ќе ги посети Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово, каде со високите претставници ќе разговара за билатералните односи и регионалните прашања.
Бернс ќе ги охрабри лидерите од регионот да воспостават уште поголема соработка меѓу државите и ќе ја истакне потребата уште поголемо внимание да се сврти на најзначајните проблеми како што е владеење на правото и економскиот напредок.
XS
SM
MD
LG