Достапни линкови

Самит на претседателите на Иран, Авганистан и Пакистан


Пакистанскиот претседател Зардари е домаќин на средбата со Ахмадинеџат и Карзаи

Пакистанскиот претседател Зардари е домаќин на средбата со Ахмадинеџат и Карзаи

Претседателите на Иран, Авганистан и Пакистан се собраа во Исламабад за да присуствуваат на дводневниот самит. Разговорите меѓу пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, авганистанскиот Хамид Карзаи и на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ќе се фокусираат на борбата против тероризмот, вклучувајќи и можни заеднички мерки за борба против дрога и трговија со луѓе. Меѓутоа, дописниците јавуваат дека самитот би можел да биде засенет од зголемувањето на тензиите меѓу Иран и Западот.
Иран беше обвинет од страна на Израел за напад врз дипломати на еврејската држава во Грузија, Индија и Тајланд. Деновиве Ахмадинеџад најави нов напредок во нуклеарната програма на земјата, велејќи дека западните санкции не успеаја да ја запрат програмата на земјата.
XS
SM
MD
LG