Достапни линкови

Иран го запре извозот на нафта за шест европски држави


Иран го запре извозот на нафтата во шест европски држави како одговор на санкциите од страна на Европската Унија.Како што јави националната иранска телевизија, набрзо по таквата вест цената на суровата нафта скокна за еден долар за барел и во моментот таа изнесува 118 долари за барел.
Државите членки на Унијата одлучија да престанат да увезуваат сурова нафта од Иран од 1 јули, поради нејзината нуклеарна програма, за која Западот тврди дека е наменета за производство на нуклеарна бомба. Нафта нема да може да увезуваат Холандија, Грција, Франција, Португалија, Шпанија и Италија.
XS
SM
MD
LG