Достапни линкови

Сирискиот претседател предлага уставни измени


Сирискиот претседател Башар Ал-Ассад нареди референдум за новиот нацрт устав кој ќе им овозможи на другите политички партии да учествуваат на избори. Гласањето е закажано за 26 февруари.
Во нацрт уставот кој го објави државната агенција се укинува пасосот кој вели дека партијата Баат е лидер на земјата и општеството. Сириската опозиција го отфрли предлогот, а Белата Куќа го опиша како смешен ваквиот потег на Асад. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак, рече дека ова е цекор напред за сириската држава.
XS
SM
MD
LG