Достапни линкови

Пападемос прифати средба со Груевски


Премиерот на Грција Лукас Пападемос по речиси три месеци одговори на предлогот на премиерот Никола Груевски за тет-а-тет средба. Прифаќа таа да се одржи на маргините на следниот состанок на Европскиот совет на почетокот на март.
Како што пренесува грчката Национална новинска агенција, Пападемос во писмото наведува дека Грција им дава големо значење на билатералните односи, за што е доказ соработката во повеќе сектори, а пред се во економијата.Во однос на прашањето за името, Пападемос вели дека тоа треба да се решава во рамки на преговорите што се водат со посредство на ОН.
Претстојната посета на посредникот на ОН Метју Нимиц на Скопје и на Атина, според него, треба да придонесе за напредок кон постигнување решение, за што е неопходна политичка волја и од двете страни.
XS
SM
MD
LG