Достапни линкови

Референдумот за членство на Хрватска во ЕУ е според Уставот


Референдумот за членство на Хрватска во ЕУ целосно е во согласност со Уставот, оцени Уставниот суд. Невладината организација Здружение ПРОЕКТ претходно се изјасни против законитоста на референдумот, на кој 66,27 проценти од граѓаните се изјаснија „за“ членството на Хрватска во Унијата.
Здружението тврди дека процедурата за членството на Хрватска што почнала во 2003 година, не е во согласност со тогашните закони, според кои е потребно мнозинството од граѓаните да се изјаснат со „за“, а не од мнозинството на излезени граѓани.
Уставот е сменет во 2010 година.
XS
SM
MD
LG