Достапни линкови

Попоски бара поддршка за интензивирање на евроинтеграцијата на Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на неговата посета на Европскиот парламент и на средбите со европаратениците побара отворена поддршка за интензивирање на евроинтегративниот пат на Македонија кон Европската унија и што поскоро отварање на пристапните преговори.
Во однос на Резолуција за напредокот на Македонија за 2011 година тој побара поддршка за усвојување на избалансиран и објективен текст кој реално ќе го отслика напредокот на Македонија во текот на минатата година.
Попоски денеска имаше обраќање на заедничката седница на работните групи за надворешни работи и за проширување на Европската народна партија, со која претстедаваше европратеникот Едвард Кукан.
XS
SM
MD
LG