Достапни линкови

Студот однесе 500 животи во Европа


Големите наноси на снег и ниските температури однесоа повеќе од 500 животи во Европа. Руските власти соопштија дека 205 луѓе починале од студ, додека во Украина нивната бројка изнесува 112. Во Полска 107 лица умреле, а во Романија каде температурата падна до -30 степени најмалку 86. Исто така пријавени се 35 смртни случаи во Унгарија, 20 во Србија и 10 во Косово.
XS
SM
MD
LG