Достапни линкови

Пожар во затвор во Хондурас, 200 жртви


Најмалку 200 лица загинале при пожар во еден затвор во Хондурас. Пожарот избил доцна синоќа во затворот Комајагуа, која се наоѓа на околу 75 километри одалеченост од главниот град Тегусигалпа. Некои од преживеаните се спасиле бегајќи на покривот или скокајќи од зградата. Десетици лица се хоспитализирани со изгореници на телото или други повреди.
Пожарот најверојатно избил поради електричен спој или бил намерно предизвикан од затворениците.
XS
SM
MD
LG