Достапни линкови

Ветени субвенции, откажани протести


Лозарите ќе добијат субвенции, но дел од нивните проблеми ќе останат. Апелираат субвенциите да ги добиваат навреме, за да може да имаат подобри резултати при производството.

Почна исплатата на субвенциите, но се уште има многу пречки за лозарите од овчеполието и кавадаречко, кои на протести ги бараа нивните побарувања во висина од над два милиони евра од претпријатија од тиквешкиот регион кои откупувале грозје. На вчерашниот празник на лозарите добрата вест што ја донесе владата е дека на сметка ќе им пристигнат 215 милони денари.
Да се внимава на кој ќе му се дозволи лиценцата да откупува грозје, да откупува тутун, со таа мерка веќе на некој начин се создадова предуслови да се внимава на кој се му се дава право да влезе на пазарот.
Илија Каров, Земјоделски факултет Штип.
Претседателот Ѓорге Иванов и вицепремиерот Зоран Ставрески на свечено закројување на винова лоза во Демир Капија.
Претседателот Ѓорге Иванов и вицепремиерот Зоран Ставрески на свечено закројување на винова лоза во Демир Капија.
.


Тие се откажаа од протестот. Но останува главната загриженост- Комбинатот што откупувал грозје не работи откако директорот избегал во странство. Земјоделците ќе ги запомнат овие денови, но тие пред нив ќе бидат полесни.

„Сега веќе не може на кој ќе му текне да купува грозје, тоа е веќе во тек. Ако имаше неизведени обвски до одреден термин, ќе ви се одземе лиценцата. Да се внимава на кој ќе му се дозволи лиценцата да откупува грозје, да откупува тутун, со таа мерка веќе на некој начин се создадоа предуслови да се внимава на кој се му се дава право да влезе на пазарот“, вели професор Илија Каров од Земјоделскиот факултет во Штип.

Ова значи дека во иднина ќе може да се оцени улогата што ќе ја одиграат законските измени, а сега останува фактот дека правдата лозарите треба да ја бараат на суд. Конкретно деновиве тоа што беше нивен протест, се смета како резултат на пазарното стопанство.
Субвенциите во зависност од подсекторите во земјоделието, земјоделците треба да ги добијат кога им е најпотребно и кога трошењето во инвестиции во земјоделието е најголема.
Ефтим Шаклев, Здружение на фармери.
Со кого работите, на кого му продавате или од кого купувате, ризикувате да изгубите, предупредуваат експертите. Сега вниманието е насочено кон субвенциите. Она што и Здруженијата на земјоделци го иницираат е дека мора овие пари навремено да ги добиваат.

„Субвенциите во зависност од подсекторите во земјоделието, земјоделците треба да ги добијат кога им е најпотребно и кога трошењето во инвестиции во земјоделието е најголема. Ако ги добијат земјоделците субвенциите во тој временски период, тогаш ќе можат квалитетно и навремено да ги извршат сите подготовки за отпочнување на производството а со тоа ќе постигнат и најголеми резултати“, вели Ефтим Шаклев од Здружението на фармери.

Владата ја усвои годинешната програма за подршка на земјоделството во вредност од 113 милиони евра. Субвенциите се поголеми за 12 отсто од лани. Поголем акцент е ставен на сточарството и на градинарството.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG