Достапни линкови

Во Сирија, референдум за нов устав


Сиријската државна телевизија објави дека претседателот Башар ал Асад наредил референдумот за нов устав да биде одржан на 26 овој месец. Нацрт уставот, според властите, е можност, како што наведуваат, ,,народот да владее со народот,,. Претходно активисти во Сирија јавија дека силите лојални на претседателот Асад покренале нов напад врз градот Хама. Се прецизира дека градот бил нападанат со околопни возила и артилерија. Во исто време, владините сили ги продолжуваат нападите врз Хомс кои почнаа пред 13 дена. Во Обедоинетите нации, Египет предложи резолуција во која остро се осудува режимот на Асад за злосторства против човештвото.
XS
SM
MD
LG