Достапни линкови

Вашингтон: грчкиот народ пред тешки саможртви


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Новиот пакет мерки за строго штедење и неопходни реформи бара многу тешки саможртви од грчкиот народ, изјави портпаролката на Стејт департментот на САД Викторија Нуланд, подвлекувајќи дека тие се потребни за подобрување на грчката економија. Нуланд изјави дека американската влада соработува со европските лидери за надминување на кризата во еврозоната, забележувајќи дека таа го поддржува кабинетот на грчкиот премиер Лукас Пападимос за демонстрираната решителност да ги спроведе економските реформи.
XS
SM
MD
LG