Достапни линкови

logo-print

Продолжува референдумот на косовските Срби


Во три општини на северот на Косово каде што мнозинството се косовски Срби денеска продолжува, а во општина Лепосавиќ почнува референдумот на кој населението се изјаснува за односот спрема институциите на Косово. Граѓаните одговараат на прашањето „Дали ги прифаќате институциите на таканаречената Република Косово“.
На референдумот се противат претставниците на меѓународната заедница и косовските власти, наведувајќи дека тој нема да има никакви правни последици. И официјални претставници од Србија, меѓу кои и претседателот Борис Тадиќ, се против овој потег, зашто сметаат дека тој ќе ја влоши положбата на Србија и на косовските Срби.
XS
SM
MD
LG