Достапни линкови

Обама: Кина мора да игра според меѓународни правила


Си Џинпинг и Барак Обама

Си Џинпинг и Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама му порачал на кинескиот потпретседател Си Џинпинг дека Кина мора да се однесува според меѓународните економски правила и оти Вашингтон ќе продолжи да изразува загриженост поради проблематичното почитување на човековите права од страна на Пекинг. Обама, кој вчера го прими Џинпинг во Овалната соба во Белата Куќа, изјави дека повторно ќе го покрене прашањето за човековите права.
Претходно американскиот потпретседател Џозеф Бајден, за време на ручекот со кинескиот гостин, изјави дека човековите права и натаму се фундаментален аспект на надворешната политика на САД. Тој истакна дека Вашингтон „силно не се согласува“ со ветото на Кина за резолуцијата за Сирија во Советот за безбедност на ОН.
58-годишниот Си Џинпинг е избран да биде нов претседател на Кина од 2013 година. За време на неговата прва официјална посета на САД, прашањата за состојбата во Северна Кореја и во Иран исто така се високо на агендата на разговорите со американските домаќини.
XS
SM
MD
LG