Достапни линкови

Египет со резолуција за Сирија во Генералното Собрание на ОН


Египет ја предал резолуцијата за Сирија до Генералното Собрание на ОН. Според агенциите, во резолуцијата силно се осудува режимот на Башар ал Асад за кршење на човековите права и се дава поддршка на планот на Арапската лига за оставка на Асад. Формулацијата е слична како и во резолуцијата која неодамна не помина во Советот за безбедност поради ветото на Русија и на Кина. Како и да е, на резолуциите во Генералното Собрание не може да биде поднесено вето, но тие не се обврзувачки.
Во меѓувреме, сириски активисти соопштија дека вчера во земјата биле убиени најмалку 19 лица. Според нив, најголем дел од жртвите биле цивили кои настрадале во најжестокото гранатирање на сириските сили врз градот Хомс.
XS
SM
MD
LG