Достапни линкови

Лига на шампиони: победи на Барселона и Лион


Во Лигата на шампиони во фудбал синоќа беа одиграни првите осминафинални натпревари. Барселона како гостин го совлада Баер од Леверкузен со 3:1, додека Лион дома го совлада Апоел од Никозија со 1:0. Реванш мечевите се играат за три недели.
Вечер на програмата се уште два натпревара во рамките на осминафиналето. Се среќаваат Зенит-Бенфика и Милан- Арсенал.
XS
SM
MD
LG