Достапни линкови

Времето денеска сончево, но и натаму студено


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а облачноста ќе се зголемува, особено во западните делови. Утринската температура се движи од минус 18 до минус седум, а дневната ќе биде од минус шест до еден степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус пет степени.
XS
SM
MD
LG