Достапни линкови

Меркел-да продолжат преговорите со Грција за решавање на името


Премиерот Никола Груевски и германската канцеларка Ангела Меркел

Премиерот Никола Груевски и германската канцеларка Ангела Меркел

Премиерот Никола Груевски и германската канцеларка Ангела Меркел по нивната денешна средба во Берлин оценија дека меѓу двете земји постојат пријателски односи и Германија е силен поддржувач на Македонија на политички и економски план и е подготвена да и помогне во сите сфери.
Меркел изјави дека Меѓународниот суд на правдата донесе пресуда што е успех за македонската Влада, но приемот во НАТО е важен и затоа треба да продолжат преговорите со Грција за изнаоѓање на решение за проблемот со името.
Таа изрази очекување дека земјите од Западен Балкан ќе ги исполнат условите како Хрватска и Словенија пред да станат членки на евроатлантските институции.
XS
SM
MD
LG