Достапни линкови

logo-print

Дебар блокиран од снегот


Машина за чистење на пат, го расчистува патот од Дебар кон Маврово.

Машина за чистење на пат, го расчистува патот од Дебар кон Маврово.

Општината Дебар оценува дека состојбата е алармантна, резервите на храна и деривати се при крај. Тие бараат Владата да донесе одлука за прогласување вонредна состојба за западниот регион на Македонија.

Дебар е целосно блокиран од големите снежни врнежи. Блокирани се патните правци кон Маврово и Струга, но и граничниот премин „Блато“ на македонско- албанската граница. Лавините по долината на реката Радика се расчистени, но патот кон Маврово останува затворен за сообраќај бидејќи има нови снежни врнежи но и опасност од нови лавини.
Цела недела сме блокирани. Како што гледам оваа состојба ќе продолжи. Во Дебар веќе снемува резерви на храна и деривати, бидејќи патните правци кон Маврово и Струга се целосно блокирани.

Општината Дебар оценува дека состојбата е алармантна и притоа се бара од Владата да донесе одлука за прогласување вонредна состојба за западниот регион на Македонија.
Автомобил затрупан со снег во Дебар.

Автомобил затрупан со снег во Дебар.


„Цела недела сме блокирани. Како што гледам оваа состојба ќе продолжи. Во Дебар веќе снемува резерви на храна и деривати, бидејќи патните правци кон Маврово и Струга се целосно блокирани. Локалните патни правци ги одржуваме во еден дел, но со тешкотии. Најголемото село во општината, Могорче, но и Горно Косоврасти се под блокада од снегот. Поради ова, апелирам до владата да ја разгледа оваа состојба за прогласување вонредна состојба за овој регион за да се мобилизира цела механизација, бидејќи во сите три општини има над 40 илјади жители“, истакнува градоначалникот на Дебар Аргетим Фида.​
Расчистени се бројните лавини, како и најголемата лавина кај манастирот свети Јован Бигорски. Но стои и фактот дека опасноста од нови лавини е актуелна. Затоа и да се отворат патните правци неопходно е големо внимание.

И во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа има голем број отсечени села. Во двете општини веќе има проблеми со снабдувањето на населението со прехранбени артикли.

Раководителот на единицата на Дирекцијата за заштита и спасување за овој регион Рашит Абазовски нагласува дека има опасност од нови лавини на двата патни правца од Дебар кон Маврово и Струга.

„Расчистени се бројните лавини, како и најголемата лавина кај манастирот свети Јован Бигорски. Но стои и фактот дека опасноста од нови лавини е актуелна. Затоа и да се отворат патните правци неопходно е големо внимание поради големиот снег, кој може да создаде и нови лавини“, вели Абазовски.

Сите три општини од најзападниот регион на Македонија деновиве имаа проблеми и со електричната енергија. Додека во Дебар прекините се кратки, во двете други рурални општини нема електрична енергија и по десетина часови.

Инаку наставата, покрај во Дебар е прекината и во општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG