Достапни линкови

Пападимос со мала реконструкција на неговиот кабинет


Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос планира денеска да изврши мала реконструкција на својот кабинет, јавија грчките медиуми. Според владниниот потпарол Панделис Капсис се очекува Пападимос да постави нови шефови на испразнетите функции во Министерствата за транспорт и за надворешни работи. Министрите и замениците министри од партиите ЛАОС и ПАСОК поднесоа оставки минатата недела, бидејќи не ги поддржуваа нови мерки за штедење, кои се услов Грција да ја добие помошта од 130 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG